„Рамка за развој на лидерството во фармацијата"
Приклучете се на програмата да ја препознаете и развиете сопствената лидерска сила — да ја претворите во влијание, сигурност и професионален напредок.
Програмата е усогласена со принципите на континуирана професионална едукација, акредитирана е од Фармацевтската комора на Р.С. Македонија преку Капацитет дооел (Елиа) и носи 2 поени КПЕ.
Програмата опфаќа девет клучни лидерски области, структурирани низ четири прогресивни нивоа на развој — од основно до исклучително лидерско влијание. Преку овој процес, учесниците свесно го следат сопствениот напредок и активно работат кон развој на напредни лидерски компетенции.
Работата се реализира во мали групи од 10–15 учесници со цел да се обезбеди интерактивност, индивидуален пристап и квалитетна дискусија.
Локацијата и терминот на одржување се договараат со пријавените учесници.
Донка Панков е консултант за организациски развој и лидерство, и доктор по фармацевтски науки (PhD). Таа работи како партнер за фармацевтски и лидерски развој, со фокус на јакнење на лидерските и консултациските капацитети на фармацевтите, развој на фармацевтски услуги и поддршка на организации и тимови во здравствениот сектор.
Донка има повеќе од три децении професионално искуство во фармацевтската индустрија. Во текот на својата кариера гради, развива и води различни тимови. Поседува значајно искуство во развој на луѓе, менторирање и коучинг.
Лидерството е вашиот потенцијал што свесно можете да го развиете. Да ја препознаете и развиете сопствената лидерска сила — и да ја претворите во влијание, сигурност и професионален напредок.
ПРИЈАВИ СЕ